Alphabet го престигна Apple и стана втора највредна компанија во светот

- Advertisement -

Матичното претпријатие на Google, Alphabet, во среда го престигна производителот на iPhone, Apple, и стана втора највредна компанија во светот според пазарната капитализација.

Акциите на Alphabet продолжија да растат во четврток, туркајќи ја пазарната вредност на компанијата на 3,93 трилиони долари. Производителот на чипови Nvidia е на прво место со 4,5 трилиони долари.

- Advertisement -

Пазарната вредност на Apple е 3,83 трилиони долари. Alphabet скокна на второто место во среда, но разликата меѓу двете компании се прошири во четврток, бидејќи акциите на Aplhabet пораснаа, додека акциите на Apple паднаа шести ден по ред.

Падот во последните денови избриша речиси 5 проценти од пазарната капитализација на Apple, или речиси 200 милијарди долари.

- Advertisement -

Alphabet го престигна Appl за прв пат од 2019 година, бидејќи се опорави на Волстрит. Аналитичарите велат дека ова е резултат на агресивниот напор на Alphabet во вештачката интелигенција.

Првото место на листата од крајот на минатата година му припаѓа на производителот на чипови Nvidia, чија пазарна капитализација е околу 4,5 милијарди долари.

- Advertisement -

(SEEBiz eu)

- Advertisement -