Нова листа на Forbes: кој е најбогатиот човек во светот?

- Advertisement -

Американското списание Forbes објави нова листа на најбогатите луѓе во светот, а на врвот оваа година е Елон Маск, основач и мнозински акционер на Tesla, SpaceX и xAI.

Според проценките на Forbes, богатството на Маск моментално изнесува 839 милијарди долари, што е огромен скок во споредба со минатогодишната листа, кога неговото богатство беше проценето на 342 милијарди долари.

- Advertisement -

Со такви средства, Маск е убедливо најбогатиот човек на планетата и далеку пред другите милијардери.

На второто и третото место на листата на Форбс се коосновачите на Google, Лeри Пејџ и Сергеј Брин.

- Advertisement -

Пејџ е вториот најбогат човек во светот со проценето богатство од 257 милијарди долари, додека Брин е трет со 237 милијарди долари.

По нив следат лидерите на големите технолошки компании. На четвртото место е извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, со богатство од 224 милијарди долари, додека Марк Цукерберг, извршен директор на Meta, е на петтото место со 222 милијарди долари.

- Advertisement -

Forbes наведува дека осум од десетте најбогати луѓе во светот доаѓаат од Соединетите Американски Држави, што дополнително ја потврдува доминацијата на американските технолошки и бизнис лидери.

Меѓу европските милијардери, Бернар Арно, извршен директор на луксузниот конгломерат LVMH, кој заедно со своето семејство е на седмото место со 171 милијарда долари, како и Амансио Ортега, коосновач на Inditex (Zara), кој е на десеттото место со 148 милијарди долари.

Cпоред Forbes, бројот на милијардери на глобално ниво продолжува да расте. Планетата сега има 3.428 милијардери, речиси 400 повеќе од минатата година. Соединетите Американски Држави сè уште имаат најмногу милијардери во светот – вкупно 989.

Кина (без Хонг Конг) е на второто место со 539 милијардери, додека Индија е трета со 229 милијардери. Forbes ја објавува својата позната листа на најбогати луѓе во светот од 1987 година и се смета за една од највлијателните глобални рангирања на богатство.

(Kamatica/Forbes)

- Advertisement -