Развиена паметна ткаенина која го лади телото додека ја носите

- Advertisement -

Одлична вест за сите кои тешко ги поднесуваат летните горештини. Имено, кинески научници создадоа високотехнолошка ткаенина која го лади телото. Комбинирајќи микроскопски топчиња и титаниумски влакна тимот од кинески научници од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан, Кина, разви материјал кој го нарече метаткаенина.

Малите топчиња од титаниум оксид, кои може да се најдат и во кремите за заштита од сонце, заедно со тефлонот ја рефлектираат ултравиолетовата и видливата светлина, додека влакната со полилатичка киеслина зрачат инфрацрвено светло. Големината на одделни честички во таа метаткаенина е дизајнирана така наведените својства да може да се искористат на оптимален начин.

- Advertisement -

Структурната контрола на метаткаенината постигнува речиси совршена инфрацрвена емисија, со што се максимизира распрскувањето на топлината, објасни водителот на истражувањето, Гуангминг Тао.

Во еден тсст волонтер кој носел маица направена од 50% памук и 50% од новата метаткаенина седел на директно сонце еден час. Температурата на кожата под делот од маицата направен од метаткаенина во тој период пораснала од 31 на 32 степени Целзиусови, додека кожата под памучниот дел се затоплила на 37 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Во друг тест еден автоммобил бил покриен со метаткаенина, а друг со комерцијална поркивка за сонце, додека трет останал непокриен. Сите три автомобили биле изложени на сонце два часа, а резултатите биле навистина неверојатни.

Температурата во непокриениот автомобил после тие два часа изнесувала 60 степени Целзиусови, во автомобилот покриен со комерцијална прекривка била 57 степени. Но, во автомобилот покриен со метаткаенина после два часа на сонце температурата била само 30 степени.

- Advertisement -

Иако кинеските научници се фокусираат на ладење на луѓето и објектите изложени на сончева светлина, ефектот на ладење се чувствува и кога надвор е ладно. Новата ткаенина може да се обои во различни бои, но најефикасна е кога е бела. Истражувањето е објавено во списанието Science.

(New Scientist)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -