Чешката компанија Škoda Transportation и српската компанија MIND Park потпишаа Меморандум за соработка во понеделник, со намера да го локализираат производството на железнички возила во MIND Park во Србија, во соработка со MIND Group во Крагуевац.
ега е познато за кои возила станува збор. Соработката со MIND Park ќе вклучува трамваи и тролејбуси за улиците во Белград.
Како што објави Škoda Group на својот Фејсбук профил, заедничката цел на двете компании што го потпишаа меморандумот е „модернизација на регионалниот сообраќај со докажаните електрични возови RegioPanter на Škoda“. RegioPanter е модерен електричен воз за регионален и приградски сообраќај.
Во соопштението се наведува и дека целта на оваа соработка се сеопфатни решенија за градски превоз, вклучувајќи трамваи и тролејбуси на улиците на Белград. Со комбинирање на чешкото инженерство и српското производство, градиме цврсти темели за одржлив сообраќај во регионот – изјави Škoda Group.
(Екапија)
Фото – Wikipedia






























