Археолозите почнаа да истражуваат живот во вселената

- Advertisement -


Археолозите се навикнати да копаат по земја и прашина за да откријат како живееле луѓето во минатото. Но, археологот Алис Горман од Универзитетот Флиндерс и нејзиониот колега Јустин Валш ид Универзитетот Чапман го започнаа првото археолошко истражување кое не се одвива на Земјата. Тие сакаат да го истражуваат животот на луѓето на Меѓународната Вселенска Станица.

Повеќето луѓе кои работат на далечни свемирски летови се обидуваат да решат технички, инженерски или медицински проблеми. Она што не сфаќаат е дека секој од тие проблеми има социјална или културна димензија и ако тоа го игнорираат нивните решенија нема да бидат најдобрите можни решенија, изјавија тие при најава на проектот минатата година.

- Advertisement -

Истражувањето започнува овој месец и во текот на следните 60 дена ќе проучува различни делови од Меѓународната Вселенска Станица. Она што е посебно во ова истражување, освен што не се одвива на Земјата, е фактот дека археолозите нема да бидат присутни на самото место кое се истражува. Секој дел од Станицата кој сакаат да го истражат ќе биде фотографиран за да може археолозите детално да го проучат и да донесат заклучоци за културата на живот во вселената. Особено им нагласија на астронаутите да не ги поместиваат предметите за да можат да ја видат реалноста. “Така можеме да забележиме и да создадеме претпоставки за активностите и однесувањата и да дадеме предлози како да се зголеми ефикасноста на астронаутите“, вели Горман.

“Ќе се фокусираме на алатките кои ги користат астронаутите и како се движат низ свемирските простори. Но, исто така ќе следиме како различни култури функционираат на мал простор.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека ова е прва зборка на археолошки податоци кои некој се обидел да ги собере во вселената, не сме сигирни што ќе најдеме. Ова, на крај на ден, е експеримент но сигурни сме дека резултатите ќе дадат ново светло за животот во вселената кој никој, ни НАСА, досега не го набљудувал.

(Zimo)
Фото – NASA

Сподели!
- Advertisement -