Виното од Балканот сè почесто го привлекува вниманието на светската винска сцена, но некои од неговите најголеми богатства сè уште се недоволно откриени. Еден од тие бисери е Винарија Попов, која со својот Вранец и Кратошија уште еднаш покажа дека Македонија има вина со светска класа.
На престижното меѓународно винско оценување Vranac Selection by CMB, организирано од Concours Mondial de Bruxelles, Винарија Попов освои Grand Gold медал за виното Вранец Резерв 2019, највисокото признание на натпреварот, со што овој Вранец беше прогласен за најдобар Вранец на Балканот!
На истото оценување, Кратошија Резерв и Кратошија Гран Резерв берба 2021 се закитија со Златни медали!
Овој успех не е случаен. Винарија Попов со години вложува во квалитетно лозарство, внимателна селекција на грозје и современа технологија во винарството. Посебен фокус на винаријата е ставен токму на балканските сорти Вранец и Кратошија, посадени на микролокалитетот КОШАРИШТЕ. Токму оваа комбинација на почва, традиција и тероар даваат вина со длабока боја, богат ароматски профил и силен карактер.

Освојувањето на Grand Gold медалот е уште една потврда дека Винарија Попов е дел од новата генерација македонски винарии кои го носат балканското винско наследство на светската карта.
Уште една важн анаграда за оваа винарија е и наградата од престижното меѓународно оценување Mundus Vini, каде Винарија Попов освои златен медал за виното Каберне Франк резеврв 2020






























