Nutella ја доби најдобрата реклама досега – и тоа во вселената

- Advertisement -

Во свет каде што секунда внимание вреди милиони, а кампањите се подготвуваат со месеци во маркетинг агенциите, едноставна тегла чоколаден крем успеа да го направи она за што сонуваат директорите за продажба – стана глобална сензација. Без сценарио, без буџет и наводно, без никаков договор.

Некаде помеѓу Земјата и Месечината, во стерилната тишина на мисијата Artemus II, камерата сними момент што ниту еден режисер не можеше да го испланира. Тегла Nyrella, ослободена од гравитацијата, почна да лебди низ кабината. Полека, речиси кинематографски елегантно, се ротираше во вселената и како во дослух со камерите, ја насочи етикетата директно кон објективот.

- Advertisement -

Случајност или маркетиншки „mastermind“?

Интернетот, како што се очекуваше, експлодираше. Додека некои ентузијастички го споделија клипот, други цинично кренаа веѓа: „Најдобар пласман на производ досега“, „Колку платија за ова?“, „Брилијантно дизајнирано“.

- Advertisement -

Темоирањето и снимката имаат се толку драматични што е тешко да се поверува дека станува збор за обична случајност.

Сепак, и покрај теориите на заговор, фактите се (барем официјално) многу подосадни. Нема докази за платена кампања. Она што го гледаме најверојатно е само нуспроизвод на животот во вселената, визуелно совршен хаос во кој предметите што не се прикачени стануваат дел од тивка, бестежинска кореографија. Овој пат универзумот одлучи да ја даде главната улога на тегла лешници и какао.

- Advertisement -

Можеби тоа е поентата. Најдобриот маркетинг денес не е оној што буквално вели „Јас рекламирам“, туку оној што се случува спонтано. Автентичноста и моментот се единствените две работи што не можат да се купат, а тука тие се совпаднаа до совршенство.

Ако ова навистина не беше договор, маркетинг тимот на Ferrero веројатно отвори шампањ утрово, бидејќи добија кампања вредна десетици милиони долари, а единствената цена беше тежината на една тегла во товарниот простор на вселенски брод.

Сепак, прашањето што кружи низ мрежата е: ако не е реклама, како е можно да изгледа како, па, најдобрата реклама досега?

Дали е можно Nutella да има подобар ПР тим од НАСА или гравитацијата е само голем обожавател на слатки? Можеби одговорот е едноставен: во ера кога сите очајно се обидуваат да привлечат внимание, понекогаш сè што треба да направите е да ја оставите теглата да лебди.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

- Advertisement -