Во последната недела од постот, кога веќе добро знаеме колку е важно оброците да ни бидат и вкусни и разновидни, уште повеќе ни значат оние мали паузи што го прават денот полесен, поубав и поисполнет.
Токму затоа, Имлек Оаза е одличен избор за сите што сакаат 100% растителен напиток кој лесно се вклопува во различни дневни моменти – од утрински ритуал, до попладневно освежување и вечерно мало уживање. Имлек Оаза доаѓа во повеќе варијанти, меѓу кои овес, бадем, бадем без додаден шеќер, чоко бадем и Овес Бариста, наменет и за подготовка на кафе.
Лесна, растителна и едноставна за комбинирање, Имлек Оаза може да биде ваш сојузник од утро до вечер, за појадок, ручек, кафе-пауза, ужина или лесна вечера. За вкусна пауза во текот на денот не е потребен голем оброк, туку само добар избор.
Појадок за добар почеток
Започнете го денот со овошно смути од банана, јагоди и Имлек Оаза Овес. Ова е брз и вкусен појадок што лесно се подготвува, а дава чувство на свежина и леснотија уште од утрото. За оние што сакаат кремаста текстура и нежен вкус, овесната варијанта е одлична основа за вакви утрински комбинации.
Лесен ручек со свежа идеја
За ручек подгответе кремаст сос за паста со Имлек Оаза Бадем, во комбинација со спанаќ, лук и печурки. На овој начин добивате лесен, посен и вкусен оброк што брзо се подготвува, а изгледа и делува како вистинско мало гурманско уживање.
Кафе-пауза што се чека со мерак
Попладневната пауза е секогаш поубава со добро кафе. Имлек Оаза Бариста Овес е создаден токму за тие моменти кога сакате шолја кафе со богата текстура и вистинско уживање. Без разлика дали го пиете дома или на работа, ова е мала дневна навика што лесно може да стане омилен ритуал.
Ужина што освежува
Кога ќе ви треба нешто брзо и вкусно меѓу обврските, направете чиа-пудинг со Имлек Оаза Чоко Бадем. Подгответе го однапред и оставете го во фрижидер, а подоцна само додадете малку сечкани јаткасти плодови или свежо овошје. Резултатот е едноставна, модерна и вкусна ужина што внесува мало задоволство во денот.
Лесна вечера за крај на денот
Вечерта е идеално време за нешто лесно, а вкусно. Овесна каша подготвена со Имлек Оаза Бадем, збогатена со цимет, јаболко или суво овошје, е одличен предлог за мирен и пријатен крај на денот. Брзо се подготвува, а нуди топлина и чувство на удобност што секому му годи.
Во денови кога бараме повеќе инспирација за посни оброци, најубаво е кога имаме производ што лесно се вклопува во различни навики и вкусови. Со Имлек Оаза, секој дел од денот може да стане можност за нова вкусна пауза. Понекогаш е доволно само да си дадете неколку минути за нешто што навистина ви годи.
Изберете го вашиот омилен вкус на Имлек Оаза и направете го денот повкусен, од првата голтка наутро, до последниот залак навечер.






























