Без разлика дали сте целосно посветени на работата или барате совршено место за креативен одмор, улицата на која се наоѓате ќе го диктира темпото на вашиот ден. Британскиот весник The Telegraph објави листа од 20-те најзначајни улици, авении и сокачиња во светот кои не се само сообраќајници, туку се буквално музеи на отворено со најдобрите барови и ресторани на планетата.
Крис Мос, експерт за туризам и дестинации, ја состави оваа листа фокусирајќи се на места кои нудат совршена мешавина од култура, релаксација и фино јадење, правејќи ja секоја прошетка незаборавна.
На врвот на листата е познатиот Стренд во Лондон. Оваа улица, која ги поврзува Вест Енд и Вестминстер, е срцето на британската историја. Она што ја прави особено интересна за 2026 година е големото повторно отворање на иконскиот ресторан „Симпсонс“ во Стренд.
Служејќи им на гостите од 1828 година (вклучувајќи ги Чарлс Дикенс и Артур Конан Дојл), оваа институција беше еден од првите британски ресторани што добија ѕвезда на Мишелин, уште во 1974 година.
Листата опфаќа неверојатен спектар на култури – од боемските улици на Рио де Жанеиро до историските патишта на Дамаск.
Ова е целосната листа со 20-те најубави улици во светот:
1.The Strand, Лондон
2.Peath of Philosopher, Кјото
3.George Street, Сиднеј
4.Registan, Samarkand
5.Ströget, Копенхаген
6 Avenida de Mayo, Буенос Аирес
7.Zhongshan Road, Шангај
8.Eixo Monumental, Бразилија
9.Straight Street, Дамаск
10.Sunset Boulevard, Лос Анџелес
11.Yonge Street, Торонто
12.Champs-Élysées, Париз
13.Avenida Atlantica, Рио де Жанеиро
14.Khao San Road, Бангкок
15.Broadway, Њујорк
16.Unter den Linden, Берлин
17.Gran Via, Мадрид
18.Malecon, Хавана
19.5a Avenida Norte, Антигва
20.Ebenezer Place, Викторија
Затоа, следниот пат кога планирате патување, појдете си на една од овие адреси. Бидејќи, како што покажува овој список, вистинската вредност на еден град не се мери само според неговиот БДП, туку и според квалитетот на прошетката по неговите најпознати улици.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)






























