Економскиот раст на Јапонија беше посилен од очекуваниот во првиот квартал, знак за нејзиното закрепнување на почетокот на годината пред енергетскиот шок предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток да фрли сенка врз нејзините перспективи, објави британската агенција Ројтерс () на својата веб-страница.
Податоците на владата објавени денес покажаа дека бруто-домашниот производ (БДП) на Јапонија пораснал со годишна стапка од 2,1 процент во периодот јануари-март, додека прогнозата беше за раст од 1,7 проценти. На квартална основа, економијата на Јапонија порасна за 0,5 проценти во првиот квартал, во споредба со прогнозата од 0,4 проценти.
Аналитичарите очекуваат растот на Јапонија да забави во наредните квартали поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток, кој ги наруши глобалните снабдувања со енергија.
Приватната потрошувачка, која сочинува повеќе од половина од економското производство, се зголеми за 0,3 проценти во првиот квартал, според владини податоци, во споредба со прогнозата од 0,2 проценти.
Јапонија, која е во голема мера зависна од извозот на нафта од Блискиот Исток, е особено ранлива на енергетски шок, бидејќи растечките цени на горивата поттикнуваат поширока инфлација, што влијае врз корпоративните профити и јапонската економија.
Фото – Public domain pictures



























