Температури над 30 степени, пожари и разорни поплави во Сибир

- Advertisement -

Регионот кој се простира со милиони квадратни километри источно од Урал до Тихиот Океан годинава е посебно погоден од екстремни временски услови, кои научниците ги припишуваат на глобалното затоплување.

Фотографиите од полиња со диви цвеќиња кои минатиот месец се појавија во локалните руски медиуми се реткост во овој студен регион. Продажбата на сладолед во Сибир е зголемена за 30%.

- Advertisement -

Ова беше најтоплата зима во Сибир откако пред 130 години почнало мерењето, вели шефицата на државниот метеоролошки завод, Марина Макарова. А потоа пристигна пролетта и уште потопло време. Макарова вели дека во април во некои делови од Сибир имало денови и со повеќе од 30 степени. Потоплото време не донело само диви цветови и поголема желба за сладолед.

На источниот дел на Сибир имало трипати повеќе дожд отколку вообичаено, а тоа предизвикало сериозни поплави, особено околу храдот Тулун. Роевите од сибирските штетни пеперутки, чии гасеници се хранат со листови од зимзелени дрвја се се побројни. Тие се неактивни во текот на зимата и се хранат напролет.

- Advertisement -

Тие ги соголуваат стеблата, а тоа ги прави дрвјата подложни на пожари. Поради глобалното затоплување пеперутките се преместени 150 км на север во споредба со вообичаената тетиторија.

Регионалниот центар за заштита од пожари вели дека во источниот дел на Сибир морале да третираат 120 стебла за да се уништат гасениците. Бидејќи во северниот дел од Сибир снегот побрзо се топи, поради сувата вегетација пожарите се шират полесно, велат од рускиот огранок на Greenpeace. Од февруари до мај пожарите уништиле површина од 4,8 милиони хектари, вклучувајќи 1,1 милион хектари тајги.

- Advertisement -

Бројот на пожари се дуплирал во последните десет години поради климатските промени, а поради пожарите се намалува капацитетот на тајгите да го задржат јаглерод диоксидот и метанот, што резултира со поголема емисија на стакелнички гасови. Од 2000 до 2009 година со пожари биле зафатени околу 3 милиони хектари шума годишно, а од 2010 до 2019 година просекот бил 6 милиони хектари годишно.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -