Пар таканаречени „премиум“ дињи од јапонскиот остров Хокаидо беа продадени денес на аукција за рекордни 5,8 милиони јени, што одговара на износ од околу 31.000 евра.
Ова го собори претходниот рекорд од 5 милиони јени од 2019 година, објавува Кјодо. Пар дињи беа купени на аукцијата од страна на „Футами Сеика“, трговец на големо со овошје и зеленчук, кој потоа ги препродаде на „Кеио Стор“, кој планира да ги изложи во еден од своите супермаркети во Токио до недела.
Се надевам дека луѓето во Токио ќе уживаат во овие дињи од Хокаидо – рече Хироказу Окубо, раководител на продажба во „Футами Сеика“, кој беше вклучен во успешната понуда на пазарот на големо во Сапоро.
Познати по своето сочно портокалово месо и сладост, дињите Јубари често се испраќаат како подароци во Јапонија, според Кјодо.
Локалните земјоделци планираат да испратат 3.086 тони дињи во вредност од околу 2,12 милијарди јени оваа година, а најголемата жетва се очекува во јуни и јули. Прекрасното овошје често достигнува многу високи цени на првите аукции во Јапонија, а купувачите ги користат успешните понуди за промотивни цели.
(Кurir.rs)
Фото – Pexels




























