Старува ново правило- Колата нема да стартува без направен алко-тест!

- Advertisement -

Како што беше претходно најавено, Европската Унија воведува ново безбедносно правило од 7 јули, според кое сите нови автомобили што се продаваат на европскиот пазар мора да имаат техничка подготовка за инсталирање на таканаречениот систем „Alcolock“.

Станува збор за уред што го спречува возилото да стартува ако возачот има недозволена количина алкохол во телото.

- Advertisement -

Системот работи слично на полициски алкотестер. Возачот мора да дувне во уредот пред да го запали автомобилот, а ако отчитувањето ја надмине дозволената граница, возилото нема да може да запали.

Сепак, важно е да се нагласи дека ова не значи дека сите автомобили автоматски ќе имаат инсталирано активен алкотестер. Новата европска регулатива налага возилата да бидат технички подготвени за негова последователна инсталација, додека самиот уред најчесто ќе го инсталираат возачи на кои им е наредено тоа од судовите или надлежните институции поради повторени прекршоци поврзани со алкохол.

- Advertisement -

Новата мерка е дел од пошироката европска регулатива за безбедност GSR2 (Општа регулатива за безбедност), која има за цел да го намали бројот на сообраќајни несреќи и смртни случаи на патиштата.

Според проценките на европските експерти за безбедност во сообраќајот, пошироката примена на системот „Alcolock“ би можела да го намали бројот на смртоносни несреќи поврзани со алкохол до 65 проценти.

- Advertisement -

Покрај подготовката за алкотест, новите прописи воведуваат и дополнителни задолжителни безбедносни системи во автомобилите, вклучувајќи понапредно препознавање на пешаци и велосипедисти, подобро следење на однесувањето на возачите и проширени функции на таканаречената „црна кутија“ на возилото.

Иако повеќето возачи веројатно никогаш нема да го користат уредот „Alcolock“, факт е дека од 7 јули секој нов автомобил во Европската Унија ќе мора да биде подготвен за негово инсталирање.

(Klix.ba)
Фото – Bemer

- Advertisement -