Uber ја одбележа 10-годишнината од својот годишен Индекс на изгубени и најдени предмети, кој ги открива најчестите и најнеобичните работи што патниците ги заборавиле во нивните возила во текот на изминатата година.
Во текот на изминатата деценија извештајот ги следеше промените во навиките на корисниците: од безжични слушалки и сертификати за COVID до апчиња за слабеење и вирални играчки.
„Од моментот кога AirPods станаа секојдневен додаток, до сертификатите за вакцинација и заштитните маски што доминираа во 2021 година, “Ооземпик што се појави на задните седишта во 2025 година, до популарните плишани играчки Лабубу оваа година – Индексот на изгубени и најдени предмети стана еден вид временска капсула од изминатата деценија“, вели Убер.
Меѓу најнеобичните предмети што останале во возилата на Uber оваа година биле: протези со само два заба, мајчино млеко, човечка коса, електронски уреди за следење, „grillz“ (декоративни навлаки за заби).
Иако трендовите се менуваат, некои предмети се на врвот на листата со изгубени предмети со години.
Најчесто заборавени предмети во возилата на Uber оваа година беа: мобилни телефони, паричници, багаж, клучеви, слушалки, облека, пасоши, очила, накит, лаптопи.
Само минатата година корисниците пријавиле дека изгубиле повеќе од милион паметни телефони.
Њујорк ја задржа титулата најзаборавен град во САД. Листата со градови чии жители најчесто забораваат работи во Uber е следнава: Мајами, Чикаго, Сан Франциско, Лос Анџелес, Вашингтон, Далас, Бостон, Атланта, Њуарк.
За да ја одбележи годишнината Uber воведе и нова функција во апликацијата, што треба да го олесни враќањето на изгубените предмети.
Кога корисникот ќе пријави нешто изгубено и возачот ќе потврди дека предметот е пронајден, патникот може да побара специјално возење на Uber за да го достави изгубениот предмет на посакуваната адреса. Апликацијата ја прикажува цената на услугата и му овозможува на возачот да биде следен во реално време. По испораката се користи ПИН за верификација за да се потврди дека предметот е вратен на сопственикот.
Новата опција моментално е достапна во неколку американски држави, а компанијата планира да ја прошири на целата земја до крајот на годината.
За оние кои го претпочитаат сегашниот метод, сè уште постои опција да го контактираат возачот директно преку апликацијата за да го договорат враќањето на изгубениот предмет.
(Bizlife)




























