Континентот е успешно место за основање стартапи, но нивниот понатамошен развој често е попречен од високи даноци, прекумерна бирократија и недостаток на капитал.
САД имаат околу 70.000 стартапи, додека Европа има околу 60.000. Самиот број не покажува голема разлика. Клучната разлика е што повеќето американски стартапи се концентрирани во областа на Сан Франциско, додека европските се расфрлани низ целиот континент. Покрај тоа, САД создадоа околу 1.000 еднорози, додека Европа има само околу 15% од тој број.
Десетте највредни европски технолошки стартапи сега вредат повеќе од 200 милијарди американски долари заедно.
Европскиот екосистем на стартапи е поволен за основање компании и собирање почетен капитал, но сè уште се соочува со хроничен недостаток на домашен капитал за финансирање на понатамошен раст и глобална експанзија.
Кога стартапите имаат потреба од големи инвестициски рунди за да се прошират на глобалните пазари, европските фондови честопати немаат капитал за да ги поддржат во иста мера како и американските фондови за ризичен капитал.
Додека Европската унија не се справи со прашањето за финансирање на подоцнежните фази од развојот на компанијата и дополнително не го интегрира единствениот пазар, нејзините најперспективни технолошки компании ќе мораат во голема мера да се потпираат на американските инвеститори за да го надминат своето локално влијание или ризикуваат да бидат преземени пред да имаат шанса да станат глобални играчи.
Пред петнаесет години Европа се бореше да создаде еднорози. Во изминатите дванаесет месеци произведе пет стартапи вредни повеќе од 10 милијарди долари.
Според достапните проценки, REvolut би можел да стане следната европска компанија што ќе надмине 100 милијарди долари пазарна вредност. Британскиот стартап моментално вреди 75 милијарди долари. На второ место е британски Nscale, со вредност од 14,6 милијарди долари, а на трето е германски Trade Republiс, вреден 14,4 милијарди долари. Четвртото и петтото место ги заземаат германски Helsing (13,8 милијарди долари) и француски Mistral AI (13,5 милијарди долари).
Од петто до десетто место на листата со десет највредни европски технолошки стартапи се: германски Celonis (13 милијарди долари), британски Checkout.com (12 милијарди долари), италијански Bending Spoons (11 милијарди долари), полски Eleven Labs (11 милијарди долари) и фински Oura (11 милијарди долари).
(Bug.hr)
(фото: Amarillo Economic Development Corporation)



























