Врз основа на податоците од 2025 година, се очекува лицата над 15 години во ЕУ да работат во просек 37,5 години, во споредба со 37,2 години во 2024 година, објави Евростат. Од 2016 година очекуваниот работен век во Европската унија се зголеми за 2,3 години, од 35,2 на 37,5 години. Сепак, овој индикатор, како што посочува Евростат, значително се разликува меѓу земјите од ЕУ.
„Во седум земји од ЕУ просечниот работен век е 40 години или повеќе: Холандија (44 години), Шведска (43,4), Данска (42,6), Естонија (41,5), Ирска (40,7), Германија (40,2) и Финска (40,1)“, соопшти Евростат.
Спротивно на тоа, најкраткиот работен век е во Романија (32,7 години), Италија (33,0) и Бугарија (34,6).
Во 2026 година од мажите во ЕУ се очекува да работат во просек 39,5 години, а најдолгиот работен век е во Холандија (45,9 години), Шведска и Данска (и двете 44,5) и Ирска (43,4). Најкраткиот работен век за мажите е во Бугарија (35,9 години), Романија (36) и Хрватска (36,3).
За жените просечниот очекуван работен век во ЕУ е 35,4 години. Најдолгиот работен век бил во Шведска (42,3 години), Холандија (41,9) и Естонија (41,8). Најкраткиот работен век бил во Италија (28,4 години), Романија (29,1) и Грција (31,8).
Србија е под овој просек, со работен век е 35,5 години. Сличен е работниот век во Хрватска – 35,1 години, додека во Северна Македонија е само 31,8 години, а податоците за Босна и Херцеговина и Црна Гора не се достапни.
Словенија е веќе поблиску до европскиот просек со 37,2 години работен век за нејзините граѓани.
Меѓу земјите чии граѓани имаат просечен работен век од 35 години, покрај Србија и Хрватска, се и Белгија (35,7), Грција (35,3), Полска (35,9).
(N1)
(фото: PickPik)



























