Патувате сами? Самсунг со седум совети за “соло“ патување ова лето

- Advertisement -

Кога се работи за патување, милениумците од женски пол ги менуваат правилата и се одлучуваат да патуваат сами ова лето, со повеќе од 4,6 милиони “#solotravel“ објави споделувани на Инстаграм. Поттикнатo од развојот на технологијата, “соло“ патувањето станува полесно, благодарение на смартфоните и апликациите наменети за патување кои помагаат за навигација до посакуваната дестинација.

Туристичките дестинации фаворизирани од оние кои патуваат “соло“ се надвор од сите граници – милениумците одбираат несекојдневни и не толку посетувани локации наспроти eвропските туристички атракции како Рим, Лондон, Барселона. Ова е резултат на нивното трагање по уникатни искуства кои ќе ги споделат на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Во знак на овој тренд, Самсунг соработуваше и стана партнер со туристичкиот водич и инфлуенсерка  Анка Ралука Муресан (Anca Raluca Muresan). Нивната заедничка соработка даде непроценлив увид во начинот на кој туристите истражуваат во 2019 година. Заедно развија совети за жените кои патуваат и кои сакаат да ги искусат и помалку познатите дестинации во Европа, како и да ги “доловат“ нивните искуства со помош на Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието (Galaxy S10+ Performans Edition).

Ви проследуваме дел од нивните совети.

- Advertisement -
  • Научете 20 клучни фрази пред вашето патување

Познавањето на основата на локалниот јазик може да значи многу. Ова може да биде од корист за вас кога поставувате едноставни прашања, прашувате за насоки, или за помош. Дополнително, локалното население може да ве почитува поради напорите кои ги вложувате да поставите прашање на нивниот мајчин јазик.

 

- Advertisement -
  • На вашиот календар обележете го распоредот за објавување на содржини вредни за споделување од вашите топ дестинации

Сигурно ќе посакате да ги споделите вашите моменти од патувањето со пријателите, семејството и следбениците. Покрај тоа што тие ќе знаат каде сте биле – можеби ќе ги натерате да дојдат и да ги посетат тие места! Направете мало истражување пред да започнете со патување и испланирајте неколку клучни објави пред да заминете на пат. На овој начин откако ќе дојдете на туристичката дестинација, веќе ќе знаете каква содржина ќе сакате и ќе можете да креирате, притоа не грижејќи се како таа ќе изгледа на вашиот социјален медиум.

 

  • Одвојте 30 минути на запишување на најинтересните моменти од денот

Со патување постојано се збогатувате со нови искуства. Всушност, има толку многу работи кои може да ги направите и затоа, како што фотографирате за спомен, запишете ги оние моменти кои ви се навистина драги. Еден ден ќе ги “оживувате“ благодарение на овие записи. А со помош на Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието за перформанси и неговата меморија од 1 терабајт секогаш ќе имате доволно меморија за зачувување на вашите податоци!

 

  • Доловете го секој агол од градот

Со секоја посета на ново место пред нас се отвораат бескрајни можности – знаменитости и тајни кои би било одлично да ги доловите во вистинско светло на вашите фотографии. Со  неверојатниот широкоаголен објектив на Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието и фотографирајте ја вашата глетка во моментот. Со помош на објективот од 123 степени, фотографиите реално ќе го доловат сето она што вашите очи можат да го видат.

 

  • Прескокнете ги овие локации од листата на места на кои би патувале

Големите метрополи се “АУТ“, а ексцентричните и несекојдневни дестинации се дефинитивно “ИН“. Зачекорете чекор понапред од моменталните трендови и одберете патување на нова дестинација, пред истата да стане популарна. Истражете ги локалните дестинации и природни убавини, но не пропуштајте да ги посетите и несекојдневните дестинации за 2019 година во Србија, Романија и Црна Гора.

 

  • Патувајте и прифатете дел од навиките и културата од локалното население

Иако качувањето во такси возило помеѓу две дестинации е полесно и посигурно решение, еден од највозбудливите и автентични начини да дојдете од точка А до точка Б во нов град, е да го искористите локалниот транспортен систем. Најчесто, ова создава чувство како да сте родени таму, а сето тоа е збогатено со места и звуци кои најчесто нема да ги видите и доживеете доколку одберете директен превоз до посакуваното место.

 

  • Експериментирајте со начинот на фотографирање!

Се наоѓате во друга земја, опкружени со нови луѓе и обичаи. Зошто да не експериментирате со вашиот стил на фотографирање? Обидете се да ја фотографирате храната, стајлингот и околината, но овојпат на поинаков начин. Користете невообичаени перспективи како директно фотографирање или пак, користете подигната платформа за поинаков агол. Вашите фотографии ќе добијат професионален изглед, со помош на функцијата “Shot Suggestion“ на Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието. Оваа функција делува како водич за создавање на совршени фотографии, кој едноставно можете да го најдете во вашиот џеб. За сите оние кои патуваат сами, Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието претставува совршен придружник. Со супериорните можности на камерата, доловете го секој дел од патувањето со неспоредлива резолуција. Овој уред располага со пет камери, вклучувајќи и ултра-широки леќи. На овој начин, со помош на различните леќи, ќе бидете подготвени за фотографирање на секој миг. Воедно, интелигентните карактеристики како функциите “Shot Suggestion“ и “Live Focus“ ќе ви помогнат да создадете фотографии кои реалистично ја доловуваат секоја сцена од дестинацијата на патувањето.

Изработен од керамички материјал отпорен на гребнатини, Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието е најиздржливиот паметен телефон на компанијата Самсунг. Со  најдолготрајни батерија и до 1 терабајт внатрешна меморија за зачувување податоци, оваа врвна придружба за патување никогаш нема да ве изневери.

Компанијата Самсунг лансираше онлајн галерија со фотографии направени од страна на глобални инфуленсери, прикажувајќи ги напредните функции на камерата на Самсунг Галакси С10+ перформанс изданието. На фотографии се прикажани фотографии од уникатни перспективи од Букурешт, како една од сегашните и идни актуелни дестинации за патување во Европа.

Сподели!
- Advertisement -