Компанијата Tesla на американскиот милијардер Илон Маск во Остин, во американската држава Тексас, го претстави спортскиот двосед Cybercab без волан.
Cybercab се додава на постоечкитe роботакси возила на Tesla, кои досега се состоеја од теренски возила (SUV) и Model Y.
Златниот Cybercab, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.
Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.
Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила.
Целта е да се утврди како Tesla заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.
(021)
(фото: Wikipedia)





























