Белата куќа ја стартуваше Trump TV, канал на YouTube што емитува програма 24 часа дневно. Овој потег уследи неколку дена откако претседателот Трамп им го забрани пристапот на новинарите од CNN, Politico и MSNBC поради нивното известување за него и за неговата администрација, што ги поттикна медиумите солидарно да го бојкотираат известувањето за Трамп.
Емитувањето започна во понеделникот во 19 часот со реприза на говорот на Трамп од 3 јули на планината Рашмор, како дел од програмата насловена „Trump TV: The Essentials Station“ (Trump TV: Станица за најважните содржини).
Во описот на каналот на YouTube стои: „Гледајте ги најважните моменти од администрацијата на Трамп на едно место. Најдобрите видеа, клучните говори и најинтересните исечоци се емитуваат 24 часа дневно и се ажурираат во реално време. Останете информирани и во тек со настаните!“
Белата куќа објави сличен опис на социјалната мрежа X, додавајќи: „Не секој важен момент стигна до вашите ТВ-екрани, но сега тоа е можно.“
Видеото се прикажува и на официјалната веб-страница на Белата куќа, во прозорец на YouTube означен како „White House Live“ (Белата куќа во живо).
Засега останува нејасно дали „Trump TV“ ќе емитува настани во живо со учество на претседателот и неговата администрација.
(SEEBiz.eu)
(фото: YouTube)


























