Amazon ќе инвестира 1 милијарда долари во центри за податоци

- Advertisement -

Amazon најави планови за инвестирање од 1 милијарда долари во центри за податоци низ САД во текот на следните пет години. Според изјавата на извршниот директор во Amazon, Мет Гарман, компанијата веќе потрошила иста сума за истата намена во текот на изминатите три години.

Гарман истакна дека Amazon повеќе не бара од владините агенции – со кои соработува на проекти – да потпишуваат договори за доверливост, како и дека организира јавни собири во заедниците каде што работи за да сподели информации за своите активности.
Тој исто така предупреди на ширењето на она што го смета за дезинформации во врска со влијанието на центрите за податоци врз животната средина и трошоците за енергија, нагласувајќи ги ризиците што произлегуваат од повеќе од 100 предлози за воведување мораториум на нивната изградба низ целата земја.

- Advertisement -

„Изградбата на центри за податоци е итна потреба бидејќи не сме единствената земја што ги препознава придобивките од вештачката интелигенција за економијата и националната безбедност“, напиша Гарман.

(021)

- Advertisement -

(фото: Pexels/Joshua Brown)

- Advertisement -