Европската комисија најави дополнителни 130 милиони евра финансиски средства за зајакнување на капацитетите на земјите-членки на ЕУ во однос на дроновите и технологијата за нивно попречување, како и за подобрување на безбедноста на надворешните граници на Унијата.
Средствата, обезбедени преку Инструментот за управување со границите и визи (BMVI), се дел од пошироките напори на ЕУ за подобрување на надзорот на границите и за справување со новите безбедносни закани, се наведува во соопштението.
Оваа нова распределба доаѓа како дополнување на 250-те милиони евра најавени во декември 2025 година и дополнителните 169 милиони евра ставени на располагање претходно оваа година за дронови за надзор и поврзана опрема за Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и за земјите-членки на ЕУ.
Со ова најново финансирање вкупниот износ достапен преку фондовите на ЕУ за внатрешни работи за технологија за надзор и за попречување на дронови достигнува над 500 милиони евра, се истакнува во соопштението.
Средствата ќе им помогнат на земјите-членки во подобрувањето на ситуационата свест, заштитата на надворешните граници на ЕУ и справувањето со ризиците поврзани со неовластени или непријателски активности на дронови.
Од Унијата наведоа дека оваа дополнителна поддршка е дел од пошироките напори за опремување на националните органи со современи технологии со цел зајакнување на управувањето со границите и подобрување на внатрешната безбедност.
(SEEBiz.eu)
(фото: Pexels / Marco)




























