НАСА можеби веќе има докази дека некогаш постоел живот на друга планета

- Advertisement -

Роверот Perseverance на НАСА собра примерок наречен Sapphire Canyon од карпести изданоци долж работ на Neretva Vallis – долина издлабена од реки што се влевале во древно езеро во рамките на кратерот Језеро пред повеќе од три милијарди години, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Роверот слета на исушеното езерско дно во февруари 2021 година токму со таа цел: да пронајде карпи што настанале или биле изменети од вода во минатото, бидејќи таквите карпи нудат најголеми шанси за зачувување докази за живот од минатото.

- Advertisement -

Членовите на научниот тим на Perseverance изјавија дека примерокот Sapphire Canyon – со големина приближно колку парче училишна креда – е токму оној вид карпа што се надевале дека ќе го најдат.

„Мислам дека за првпат на Марс најдовме нешто што може да се окарактеризира како ’потенцијален биопотпис. Тој моментално е херметички затворен во роверот Perseerance и тивко го чека своето враќање на Земјата.“, изјави Адријан Броз, член на научниот тим на Perseverance и постдокторски истражувач во Лабораторијата за процеси на планетарни површини при Универзитетот Пурдју во Индијана.

- Advertisement -

Сепак, можно е примерокот никогаш да не стигне до нашата планета – барем не во блиска иднина.

Програмата за враќање на примероци од Марс (Mars Sample Return), заеднички проект на НАСА и Европската вселенска агенција (ESA) чија цел беше да се донесат овие драгоцени примероци на Земјата, се соочи со сериозни предизвици поради високите трошоци и сложениот план за реализација. По инвестирањето милијарди долари во проектот, НАСА привремено го стопираше во 2024 година и започна ревизија, за на крајот целосно да го откаже без јасна алтернатива.

- Advertisement -

„Иако примероците собрани од Perseverance остануваат безбедно складирани на Марс, НАСА разгледува различни опции за нивно враќање – опции што би можеле да бидат поедноставни и поевтини од првичниот план, вклучително и потенцијално вклучување на комерцијални или меѓународни партнери“, соопшти агенцијата во изјавата доставена до CNN во јули. Иако откритието на примерокот од Sapphire Canyon нуди сè поубедливи докази дека на Марс можеби некогаш постоел микробиолошки живот, научниците се ограничени во можностите за негово проучување од толку голема оддалеченост, изјави д-р Брајони Хорган, професорка по науки за Земјата, атмосферата и планетите на Универзитетот Пердју.

На роверот – чија изградба и лансирање ја чинеа НАСА приближно 2,4 милијарди долари – му недостасуваат инструментите потребни за самостојно да одговори на вакви длабоки прашања.

„Можеме да продолжиме со истражувањето и да откриваме нови индиции, но никогаш нема да знаеме со сигурност сè додека не ги вратиме тие примероци на Земјата“, рече Хорган, која исто така е вклучена во научната работа и планирањето на мисијата Perseverance.

„Овие примероци ја претставуваат нашата најдобра шанса во моментов навистина да разбереме дали животот е широко распространета и вообичаена појава или дали Земјата е навистина единствена.“ Сега постои можност еден од најголемите конкуренти на НАСА во новата вселенска трка да биде првиот што успешно ќе врати примероци од Марс.

Кина планира да врати свои примероци од Црвената планета во 2031 година, а за да ги зголеми шансите за успех, осмислила мисија слична на онаа што успешно ја спровела две години претходно.

Сепак, карпите што кинеската мисија Tianwen-3 – чие лансирање е предвидено за 2028 година – би можела да ги донесе на Земјата, би можеле значително да се разликуваат од примероците собрани од Perseverance и да понудат поинакви научни сознанија, во зависност од тоа како ќе се одвиваат плановите.

(N1

(фото: Pexels/Pixabay)

- Advertisement -