Роверот Perseverance собори уште еден рекорд – помина 45 километри на Марс

- Advertisement -

Роботскиот ровер на НАСА, Perseverance, измина 45,2 километри на Марс, што претставува најголемо растојание што некое возило го поминало надвор од Земјата, соопшти американската вселенска агенција. Овој ровер со шест тркала и големина на автомобил беше испратен на Марс како дел од мисија чија цел е да се истражи дали на планетата некогаш постоеле услови погодни за микробиолошки живот, пренесе Ројтерс.

„Инженерската опрема и инструментите на роверот Perseverance се во одлична состојба, а сите резервни системи се сè уште функционални и покрај тоа што се стари речиси пет години“, изјави Стивен Ли од Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Калифорнија.

- Advertisement -

НАСА го припишува голем дел од успехот на роверот Perseverance на неговата способност самостојно да се движи – поточно, на неговиот систем за автономна навигација познат како AutoNav.

„Perseverance снима стерео-слики од теренот пред себе, генерира софтверска 3Д-мапа и ја избира најбезбедната патека до одредиштето“, објасни Ли.

- Advertisement -

Возилото го надмина претходниот рекорд од 28,06 милји (45 километри) поставен на површината на Марс од роверот на НАСА, Opportunity, во периодот помеѓу 2004 и 2018 година.

Првичниот план на мисијата предвидуваше движење во должина од само 12,4 милји (20 километри). НАСА неодамна одобри продолжување на мисијата за истражување на работ на кратерот до приближно крајот на 2028 година.

- Advertisement -

Perseverance е фокусиран на кратерот Jeзeрo – област на северната хемисфера на Марс за која се верува дека некогаш била исполнета со вода и служела како езерски басен пред милијарди години.

(021)

(фото: Pexels/Pixabay)

- Advertisement -