Висината на Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа, е зголемена за речиси два метри во споредба со 2023 година и сега изнесува 4.807,47 метри. Оваа надморска височина е блиска до историската вредност забележана кон крајот на 19-тиот век, според стручните геодети од францускиот департман Горна Савоја, кои редовно ја мерат висината на врвот уште од 2001 година.
Сепак, тие повикуваат на претпазливост и истакнуваат дека ова поединечно мерење не дозволува извлекување заклучоци за влијанието на глобалното затоплување. Висината на Мон Блан се менува во зависност од временските услови, особено од количината на врнежи и ветровите што го поместуваат и прераспределуваат снегот на врвот.
Матје Драгон, геодет од Горна Савоја, изјави дека обликот на врвот е одреден од временските услови.
„Денес обликот на врвот е навистина одреден од јачината на ветровите и количината на врнежи, иако оваа година беше особено сушна“, рече Драгон.
За да го унапредат истражувањето геодетите оваа година користеа георадар за да ја мапираат ледената капа и карпестиот врв што се наоѓа под неа. Собраните податоци ќе помогнат во прецизирањето на идните мерења и во следењето на промените на „покривот“ на Западна Европа во текот на наредните години.
(Euronews)
(фото: PExels/Willian Justen de Vasconcellos)




























