Европската унија подготвува нови ограничувања за технолошките компании. Овие ограничувања би им овозможиле на корисниците да ги исклучат функциите за социјално вмрежување и вештачка интелигенција кои поттикнуваат компулсивно или прекумерно користење на дигитални услуги.
Според нацрт-законот за дигитална праведност што го видел Блумберг, компаниите исто така ќе мора да им дозволат на возрасните корисници да ги исклучат функциите што ги охрабруваат да поминуваат премногу време на нивните платформи.
Предложените мерки би важеле и за системи за вештачка интелигенција кои симулираат лични односи за да ги охрабрат корисниците да продолжат да комуницираат со чет-ботовите.
Новите правила би можеле да ги погодат некои од најголемите технолошки компании во светот, вклучувајќи ги Мета, Алфабет, како и Бајтеденс, сопственикот на Тикток, чии платформи во голема мера се потпираат на функции дизајнирани да го задржат вниманието на корисниците и да го зголемат времето поминато на апликациите.
Компаниите што не ги почитуваат новите правила би се соочиле со казни до шест проценти од нивните вкупни годишни приходи ширум светот.
Брисел веќе започна постапка против големите социјални мрежи поради сомневања дека користат дизајни што поттикнуваат зависно однесување кај корисниците. „Мета“ и „Тикток“ веќе се под истрага за можни прекршувања на Законот за дигитални услуги (DSA).
Фото – Today Testing(for derivative), CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

























