Masonic Watch е првиот часовник во светот направен од цемент

- Advertisement -

Kога помислуваме на што не асоцира цементот на памет ни доаѓаат тротоари, блокови, но сигурно не помислуваме на часовници. Сега веќе можеме и часовниците да ги вклучиме во производи од цемент. Поточно, Masonic Watch.

Според производителите, ова е првиот рачен часовник во светот чија рамка и броило се направени од цемент. Креатори на асовникот се Aggregate watches, компанија посветена на експериментирање со цемент на неконвенционални начини. Масонските дизајнери пронајдоа начин да се засили издржливоста на цементот без да се зголеми неговата тежина и така креираа часовник кој тежи само 90 грама.

- Advertisement -

Прецизноста на часовникот се должи на деловите направени од нерѓосувачки челик од типот 316L. Има и леќа направена од кристали на сафир кои се отпорни на гребнатини, а коженото ремче може да се менува. Доколку сакате и вие да го поседувате овој прв часовник од цемент, можете да донирате најмалку 129 долари за кампањата на Kickstarter.

 

- Advertisement -

(Mashable)

Сподели!
- Advertisement -