Samsung ќе произведува сопствени батерии за електрични автомобили

- Advertisement -

Samsung планира да произведува сопствени батерии за електрични автобили и така да стане ривал на компанијата Tesla на тоа поле. Во Samsung донесоа многу мудра одлука за произведуваат батерии со голем досег во време кога Кина планира да ги забрани автомобилите на конвенционални горива, а автомобилскиот гигант Volkswagen ќе понуди електрични верзии на сите свои модели до 2030 година.

Милиони идни возила ќе имаат потреба од силни батерии, а минатата недела Samsung претстави мултифункционални батерии на Саемот на автомобили  во Франкфурт, за кои тврди дека можат да ги напојуваат електричните автомобили и да овозможат досег од 692 км.

- Advertisement -

Колку за споредба, автомобилите на Tesla со пристапна цена под името Model 3 имаат батерија со која можат да поминат само 354 км. Големата разлика меѓу батериите на Samsung и Teslа е многу забележлива, но батериите на Teslа се напазарот со години, додека тие на Samsung допрва треба да почнат да се користат. Без тестирање на патиштата невозможно е да се знае какви типови и кои величини на автомобили ќе можат да ги поминат тие 692 км.

Samsung SDi, одделот кој стои зад батериите, не открива премногу детали, но се знае дека има сличности со малите цилиндрични батерии кои Tesla ги вградува во својот Model 3. Станува збор за батериски ќелии 2170, кои се произведуваат во GIgafactory. Нив ги собира во дланка, а директорот на компанијата, Илон Маск, ги нарекува батериски ќелии со најглема густина во светот.

- Advertisement -

Наводно, Samsung слични батерии става во модули со облик на блокови кои го зголемуваат капацитетот на батериите, а и досегот на автомобилите. Ако еден електричен „седан“ може да помине 700 км со едно полнење на батериите, тоа ќе биде голем предизвик за батериите на Teslа.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -