TikTok развива нова апликација која ќе му конкурира на Instagram

- Advertisement -

Платформата TikТok планира да објави нова апликација за споделување фотографии, која по функционалноста е слична на социјалната мрежа Instagram. Компанијата веќе испрати известување до некои корисници за лансирањето на нов производ наречен TikTok Notes, пренесува порталот TechCrunch.

Во соопштението се вели дека компанијата наскоро стартува нова апликација за објави со фотографии и дека постоечките објави на корисниците ќе ги дели во апликацијата Tiktok Notes. Корисниците ќе можат да изберат и да не ги споделуваат своите објави со фотографии во новата апликација.

- Advertisement -

Tiktok, исто така, експериментира и со други формати како што се видеоснимки ос 30 минути, па и со текстуални објави кои се вообичаени за платформите X или Threads.

(021)

- Advertisement -

(фото: Tiktok)

Сподели!
- Advertisement -