Tesla работи на првиот проект во светот кој комбинира енергија од ветар, од сонце и батериите Powerpack

- Advertisement -

Tesla го доби договорот со компанијата Vestas за изградба на првиот проект кој комбинира соларна енергија, енергија од ветар и технологијата за складирање енергија на Tesla, кој ќе биде првиот таков во светот. Проектот вреди 160 милиони долари и со него управува компанијата Windlab во Австралија.

Проектот Tesla/Vestas во енергетскиот парк Кенеди во Австралија ќе се состои од 12 турбини на Vestas високи 132 метри. Технологијата за складирање енергија е особено корисна во Квинсленд затоа што има силни ветришта, но само во одредени периоди од денот. Батериите Powerpacks ќе овоможат енергијата од ветрот генерирана во текот на попладнето да се складира и да се користи во текот на ноќта и наредниот ден. Се очекува проектот да биде готов за околу една година и целосно да биде опреативен на крајот од идната година. Кога ќе биде готов, со енергија ќе може да се напојуваат 35.000 домаќинства во Австралија

- Advertisement -

„Веруваме дека енергетскиот парк Кенеди ќе покаже колку ефикасно може да се комбинираат еоларната енергија, ветрот и батериите за складирање за на крајот да се добие евтина, стабилна и чиста енергија за иднината на Австралија. Пошироката примена на овој проект ќе значи дека Австралија многу набрзо ќе ги достигне одредбите од Парискиот договор“ вели извршниот директор на Windlab, Роџер Прајс.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -