До 2023 година ќе има милијарда корисници на 5G мрежата во светот!

- Advertisement -

Аналитичарите на компанијата CCS Insight го претставија своето истражување за иднината на новите технологии. Тие очекуваат брз раст на распространетоста на 5G мрежата, кој би требало да биде поголем во однос на растот на распространетоста на актуелната 4G мрежа

До 2023 година во светот би требало да има повеќе од 1 милијарда корисници на 5G мрежата. Преводник ќе биде Kina, најмногу поради домашните компании како Huawei кои учествуваат во имплементацијата на таа технологија.

Европа ќе доцни една година во имплементацијата на технологијата поради потребите за развој на нова адекватна инфраструктура. На доцнењето ќе влијаат и бирократските прописи врзани за доделувањето посебни фреквенции и разните правила на надлежните регулаторни агенции.

- Advertisement -

Американскиот, јапонскиот и јужнокорејскиот пазар би требало во чекор да ја следат Кина во имплементацијата на 5G мобилните мрежи. Откако во 2023 година ќе се достигне бројката од милијарда корисници, распространетоста на 5G мрежата само ќе се зголемува и до 2025 година ќе достигне повеќе од 2,5 милијарди корисници.

(Bug.hr)

Сподели!
- Advertisement -