До 2030 година 15 земји ќе прекинат да користат јаглен за производство на струја

- Advertisement -

Најмалку 15 земји се приклучија во меѓународниот сојуз кој планира до 2030 година постапно да го исфрли јагленот од производството на електрична енергија

Формирањето на Сојузот за производство на енергија без јаглен (Powering Past Coal Alliance) го иницираа Британија, Канада и Маршаловите Острови, повикувајќи со писмо да им се придружат и други земји.

Според наводите на делегати на преговорите во Бон, на сојузот во меѓувреме пристапија и Данска, Финска, Франција, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Ноз Зеланд, Етиопија, Чиле и Мексико. До 2018 година и одржувањето на самитот за клима на ОН сојузот би требало да брои 50 земји. Самитот ќе се одржи во Катовица, Полска, кој е еден од најзагадените градови во Европа.

- Advertisement -

Засега во сојузот не се членки најголемите потрошувачи на јаглен како што се Кина, САД, Германија и Рузија. Иницијативата е формирана неколку дена откако претставници на американскиот кабинет заедно со некои енергетски компании на работ на конференцијата во Бон одржаа конференција за да ги промовираат фосилните горива и нуклеарната енергија како инструменти за ублажување на последиците од климатските промени.

Според некои извори на Reuters, а пренесува Poslovni Dnevnik, иницијативата за исфрлање на јагленот од употреба во енергетиката досега ја потпишале најмалку дванаесетина земји, како и одделни американски држави, канадски покраини и некои компании. Со иницијативата Британија и Канада, два најблиски сојузници на САД, на Доналд Трамп му порачуваат дека неговата опсесија со нечиста енергија нема да се пренесе и на други земји.

Сподели!
- Advertisement -