Меѓународно наградувани дизајнерски креации од Завар Дизајн на Skopje Design Week

- Advertisement -

Завар Дизајн ја изложува својата најнова колекција на клуб маси Stones на Skopje Design Week. Колекцијата на мебел се карактеризира со иновативни и уникатни креации, кои со својата визија ја редефинираат формата и ја подигнуваат функционалноста на естетско ниво.

Оригинални најчесто рачно изработени, за производите се користат исклучиво квалитетни природни материјали кои ја будат естетиката на металот. Употребувајќи го уметничкиот пристап при изработката на дизајнот за објектите, високата естетика е ставена во функција со цел да се добие мултифункционална скулптура.

Клуб масите Stones се резултат на способноста да се интегрираат новите технологии и дизајнот, при што пристапот е чисто артистички и визионерски, а финалниот производ не се само функционални предмети туку мебел што во еден тривијален амбиент би бил извор на повисока естетика и облагородувач на просторот. Самиот дизајн ги поместува границите на занаетчиството за да му дадат на ладниот метал нови димензии и убавина, што резултира со висок квалитет и долготрајни производи со извонреден дизајн“, вели дизајнерката Марта Наумовска Грнарова.

- Advertisement -

Колекција Stones е заеднички проект со архитектонското студио STONE DESIGN, од каде објаснуваат, „во ерата на компјутерски генерирани параметриски форми, уметноста ќе преживее само ако човечката рака го разбива алгоритмот“.

- Advertisement -

Новата колекција на Завар Дизајн беше изложена во Њујорк, на најпопуларните дизајнерски шоуа оваа година, Architectural Digest Design Show што се одржа во март и ICFF во мај.

Zavar

Американското друштво за дизајнери на ентериер Њујорк Метро (ASID New York Metro) го одликуваше Завар Дизајн со наградата Најдобар иновативен дизајн, со образложение дека инсталацијата ја илустрира основната мисија на брендот, да ги користи материјалите на многу интересен начин со цел да создаде функционални производи кои го комбинираат дизајнот и технологијата.

- Advertisement -

Креациите на Завар Дизајн ја комбинираат state-of-the-art технологијата и иновацијата, обликувајќи ја на неочекувани начини. Новата колекција на визионерската клуб маса Stones е дизајнерски производ којшто ја дели истата филозофија како и ексклузивните и артистички обликувани грејни тела веќе многу популарен производ на Завар Дизајн.

Сподели!
- Advertisement -