Tip of the Week досега го поддржаа читатели од цел свет на Kickstarter кампањата

- Advertisement -

Досега Tip of the Week го поддржаа читатели од целиот свет и се собрaни околу 1.400 долари

Приказната која ја гради тимот на Tip of the Week неколку години полека, но сигурно, стигнува и до читателите од целиот свет. Со лансирањето на кампањата за финансирање на Tip of the week® на интернационалниот пазар минатата недела, веќе читатели од Америка, Англија, Франција, Италија, Германија, Австралија, Литванија, Шведска и Швајцарија нарачаа некои од понудените пакети во зависност од нивниот влог.

Целта на кампањата е да се соберат 8.000 долари со цел да се издаде издание на англиски јазик и да се прошири Tip of the Week® концептот интернационално. Кампањата трае уште 24 дена, а сите кои сакаат да купат некој од понудените пакети или да ја поддржат и со минимален износ од 1 долар, можат да го сторат тоа на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -