Verizon до крајот на 2018 година ќе пушти 5G мрежа во 5 градови во САД

- Advertisement -

Американската телекомуникациска компанија Verizon се приближува до пуштањето на својата прва комерцијална 5G мрежа, а компанијата најавува дека планира да стартува 5G мрежа во 3 до 5 градови до крајот на идната година. Новата генерација на интернет мрежа на Verizon први ќе ја добијат жителите на градо Сакраменто во Калифорнија во првата половина од 2018 година, пишува Klix.ba.

Од Verizon не даваат повеќе информации за лансирањето на 5G мрежаата ниту каква технологија ќе користи. Според првобитните тестови, се очекува дека 5G мрежата на Verizon ќе биде 30 до 40 пати побрза во однос на моменталната 4G LTE мрежа. Овој потег на компанијата не е изненадување со оглед на тоа дека во 2008 година меѓу првите компании почна да ја тестира и 4G мрежата.

- Advertisement -

Verizon во соопштението за јавноста наведува дека воведувањето на 5G мрежата е засновано на довербата на компаниите во новите технологии кои работат во милиметарскиот спектар на бранови. Сакраменто сосема логично е првиот град кој ќе ја добие 5G мрежата на Verizon со оглед на тоа дека беше еден од 11 градови во кои компанијата го почна тестирањето на новата мрежа претходно годинава. Уште не е познато кои се останатите 4 градови. Првите тестирања на 5G мрежата на компанијата беа изведени в соработка со високопрофитни ИТ компании како Samsung, Nokia, Ericsson, Cisco, Qualcomm и Alcatel-Lucent.

Сподели!
- Advertisement -