Плановите за изградба на нов град во близина на Бостон, на околу 13 километри оддалеченост, се готови. Компаниите Sasaki Associates и Elkus Manfredi Architects веќе го комплетираат мастер планот за земјиштето со површина од околу 6 квадратни километри, кое порано беше воена база за морнарицата на САД. Паметниот град кој ќе се гради таму се вика Union Point.
Според PSFK, како и сите други паметни градови, Union Point ќе има високотехнолошки системи за да се подобри и олесни животот на жителите. Една битна карактеристика е флотата автономни возила со структури за паркирање и улици специјално дизајнирани за нивните потреби. Ќе има и мрежа за велосипеди и беспилотни шатлови за движење на жителите низ градот без да имаат потреба од приватен автомобил.
Сепак, Sasaki и Elkus Manfredi не се фокусираат само на високата технологија туку сакаат дизајнот истовремено да биде и одржлив и еколошки. Градежната компанија L Star Ventures ќе направи и зеленило со повшрина од околу 4 квадратни километри по должината на патеките за планинарење, а останатите 2 квадратни километри ќе се искористат за станбени објекти. Ќе има вкупно 4.000 станбени единици и најмалку 278.000 квадратни метри канцелариски простор и простор за иновации.