Зделка на годината – Disney го купува Fox за 52,5 милијарди долари

- Advertisement -

Компанијата Walt Disney најави договор кој тежи 52,5 милијарда долари со кој го презема 21 Century Fox. Со ова Disney станува една од најголемите мултимедиски компании во светот.

Косопствениците на Fox ќе добијат по 0,2745 акции во Disney за секоја акција која ја имале во Fox. Договорот ја вклучува и филмската и ТВ продукциска куќа, 39% удел во европскиот провајдер Sky, Star India и ТВ каналите како FX и National Geographic. Цената која акционерите ќе ја добијат за акција во Fox изнесува 29,54 долари, пишува ICT Business.

- Advertisement -

Досегашниот сопственик на Fox, Роберт Мурдок, сепак делумно ќе остане во приказната. Преку спин оф компанија тој ќе ја задржи сопственоста на Fox News каналот и FS1 спортскиот канал. Генералниот директор на Disney, Боб Ајгер, ќе остане на својата позиција до 2021 година. Следно Fox ќе започне постапка за купување на преостанатиот удел во британски Sky, кој подоцна исто така ќе заврши во рацете на Disney.

Disney исто така го презема и долгот на Fox од 13,7 милијарди долари, но овој договор ќе им донесе околу 2 милијарда долари заштеда и ќе придонесе кон вкупните приходи по финализирањето на продажбата, процес кој ќе се одвива во наредните 12 до 18 месеци. Ова спојување допрва треба да биде одобрено од регулаторите во САД, кои треба да проценат колкава концентрација на медиумска моќ ќе има компанијата.

Сподели!
- Advertisement -