Ова се најдобрите мотивациски видеа за 2017 година

- Advertisement -

Од година во година, мотивациските видеа стануват сѐ повеќе популарни. Иако говорниците и содржината варираат, пораките во овие видеа остануваат исти. Еве неколку одлични мотивациски видеа кои беа најгледани на YouTube годинава според магазинот Inc.

1. The Secret to Self – Motivation

- Advertisement -

Мел Робинс, која говори во ова видео, истакнува дека поголемиот дел од луѓето не преземаат дејства најмногу поради страв што го отежнува и преземањето ризици. Поради ова луѓето најчесто се мотивираат само да преземаат лесни работи: јадење брза храна или гледање ТВ серија.

Поради тоа што избегнуваат ризици, луѓето остануваат во комфор зона. Робинс препорачува да се почне со мали чекори за да се создаде моментум потребен за создавање на долгорочен успех.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=2Lz0VOltZKA

2. Struggle Makes You Stronger

- Advertisement -

Ова видео зборува за моќното верување дека борбата против болката и предизвиците во животот ги претвораат луѓето во посилни и подобри личности.

Најзначајниот дел од видеото е делот каде се повторува: „Никој не сака да слуша приказна за човекот кој добил сѐ. Луѓето сакаат да слушнат приказни за мажи и жени кои издржале и ја претвориле својата борба во подарок.“

3. When Life Hits You

Видеово започнува со проблемите со разочарувањето особено кога се соочуваме со здравствени проблеми.

Потоа продолжува со дискусија за претприемништво, поврзувањето на способноста да се справиме со разочарувањата со способноста да се продолжни понатаму додека не се успее. Она што е важно овде е дека понекогаш победата едноставно значи да се појавиме и да се обидеме.

4. Average is For the Weak

Ова видео е насочено конкретно кон студентите. Она што е најважно е здравјето, а здравјето е возможно само со здрав сон. Секој е одговорен да преземе нешто со картите што му биле поделени.

5. Stop Wasting Time

Иако одредени корпорации користат алатки да ги мотивираат луѓето да остануваат на работа прекувремено и да работат повеќе, ова видео ќе ве научи дека понекогаш е поефикасно да го скратите времето кое го посветувате на одредена задача.

Мотивацијата и менаџирањето со времето се клучни лични алатки и треба да научите да препознавате кога е потребно да примените некоја од овие алатки.

Сподели!
- Advertisement -