Алатките на Microsoft како Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms имаат за цел да ја зголемат продуктивноста на корисниците. Овие цели на Microsoft целосно се рефлектираат во нивната примена во образованието.
Придобивките на ефикасноста на алатките на Microsoft се познати уште од основањето пред 42 години при креирањето на својата прва компјутерска програма во 1975 година. Последователно со секој софтвер Microsoft создава решенија кои го олеснуваат компјутерското работење овозможувајќи го нивното користење во сечиј дом. Сега продуктивноста која со години ја надградува Microsoft може да се пренесе во училниците на основните и средните училишта во Македонија, а за тоа сведочат бројните имплементации на алатките на Microsoft од страна на наставниците.
Сега со најновиот повик и предизвик на Microsoft насловен како 365 Challenge наставниците кои ги искусиле придобивките од апликациите Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms можат да ги презентираат бенефитите од нивното користење. Повикот на Microsoft трае до вторник, 26.12.2017, до 13.00 часот и заинтересираните наставници во средните и основните училишта треба да ги пратат своите искуства како презентација или проект на следниов линк.
Искуствата на наставниците ќе бидат оценети на основа на 3 елементи како зголемување на продуктивноста на наставниците со користење на алатките, иновативниот пристап во користењето на истите и нивниот начин на примена.
Презентациите на наставниците ќе бидат оценети од страна на 3 члена експертска комисија и 10-те најдобри презентации или проекти ќе бидат презентирани на ревијален настан на кој ќе бидат доделени и свечените награди.
Примери за case study може да се најдат на следниов линк.
За повеќе информации може да се контактира Влора Адеми на a-vademi@microsoft.com.