Forbes ја стави Македонија на 63. место на листата со најдобри земји за водење бизнис

- Advertisement -

Македонија е рангирана на 63. место во светот на листата со најдобри земји за водење бизнис која ја објавува американското списание Forbes.

Ова е пад од 28 позиции споредено со ланското рангирање кога Македонија се наоѓаше на 35. позиција во светот. Оваа година како најдобра земја за водење бизнис е Велика Британија, пласирана на прво место од вкупно 153 земји.

- Advertisement -

Американскиот магазин мери 15 различни фактори на развој на бизнисот, како даноци, лична и економска слобода, бирократија, права на сопственост, иновации, корупција, технологија, трговска и монетарна слобода и заштита на инвеститори.

Втората најдобра земја за водење бизнис е Нов Зеланд, трета е Холандија, Шведска е на четвртото место и петта е Канада. На самото дно на листата на 150. место е Авганистан, Хаити е на 151. место, Гамбија на 152. место и Чад на 153. место.

- Advertisement -

Во регионот најдобро рангирана е Словенија на 32. место, Хрватска е рангирана на 51. место, Црна Гора на 68. место, Србија на 69. место, Албанија е 71. и Босна и Херцеговина на 97. место.

Сподели!
- Advertisement -