Ова беа најуспешните луѓе во светот на технологијата во 2017 година

- Advertisement -

Годинава е пред крај и време е за мала ретроспектива за тоа што се случуваше на технолошката сцена во 2017 година. Хрватскиот TPortal направи листа на десет највлијателни визионери и бизнисмени кои го обликуваа светот на технологијата во она што е денес.

1. Џек Ма

Првиот човек на Alibaba е технолошки визионер кој во Интернетот виде огромен потенцијал. Дваесеттина година после првата изградена веб страница за бизнисмени, Ма стои на чело на најголемата онлајн продавница во Азија. Годинава може да се пофали со рекордот кој го оствари на 11. ноември или кинескиот Ден на самците, кога за помалку од 24 часа ја оствари најдобрата распродажба во светот со продажба од 26 милијарда долари.

- Advertisement -

2. Џеф Безос

- Advertisement -

Џеф Безос е главниот човек на Amazon кој својата компанија ја започна со желба да создаде глобална книжарница која ќе работи преку Интернет. Денес, неговата компанија е продажен гигант, а наместо да остане во својата зона на комфор, Безос преку компанијата инвестира во вештачка интелигенција и познатиот софтвер Алекса. Благодарение на моќната платформа Amazon Web Services, денес можеме на било која локација да ги користиме услугите како Netflix и Spotify.

- Advertisement -

3. Илон Маск

Маск може да направи сѐ што ќе посака. Електрични автомобили, вселенска програма, соларна енергија за стамбени објекти – харизматичниот четириесетгодишник успеа во сѐ што обиде. Неговата компанија Tesla денес вреди преку 50 милијарда долари, SpaceX успешно демонстрира ракетна технологија за повеќе употреби, а позади сето ова стои многу напорна работа. Следната цел на Маск е да го спои човековито ум со моќен компјутер со цел човештвото да се спаси од владеењето на вештачката интелигенција.

4. Марк Цукерберг

Триесетидвегодишниот шеф на Facebook успеа факултетската експериментална социјална мрежа да ја претвори во глобален феномен. Откако заклучи дека две милијарди корисници не се доволно, тој реши дека ќе го поврзе целиот свет. Оваа задача пред десет години би звучела како сценарио од научна фантастика, но денес е сѐ поизвесно дека со малку среќа, овој план ќе му успее на Цукерберг.

5. Тим Кук

Кук е главниот човек на Apple и еден од највлителните луѓе во светот на технологијата. Сѐ што оваа компанија ќе направи, нивните ривали ќе се обидат да копираат што значи дека креативните одлуки на Кук бргу се прошируваат надвор од напредниот кампус во Калифорнија. Apple денес наводно експериментира со напредна вештачка интелигенција и со автономни автомобили. Останува да видиме што е следното што ќе го престави компанијата.

6. Сузан Војчицки

Главната директорка на YouTube е голем поборник за еднаквост. Откако го презема водечкото место во компанијата, процентот на вработени жени на сите нивоа во компанијата од 24% порасна на 30% до крајот на годината. „Вработувањето на жените на различни нивоа во компанијата, од новите вработени до раководителите, создава благороден циклус.“, напишаа таа во колумна за Vanity Fair. Влијанието кое Војчицки го има на видео платформата на Google, како и на останатите компании во секторот, е навистина незаменливо.

7. Сандар Пичаи

Пичаи е главен директор на Google, најголемиот систем за пребарување во светот. Неговата моќ и влијание се најдоа пред огромен предизвик годинава наречен „лажни вести“. Начинот на кои Пичаи ќе тргне во борба против кампањите на дезинформации ќе има големо влијание не само на Google, туку и на политичката сцена ширум светот. Неговата позиција исто така го става и на чело на Android и Chrome кои пак моментално уживаат во голема популарност.

8. Еван Шпигел

Потпретседателот на Snap е главната причина позади неверојатниот успех на Snapchat. Мистериозниот дваесетишестгодишник е на потег, а светот е во исчекување да види во која насока тој ќе ја сврти својата необична визија за социјалните медиуми. Додека услугите на Facebook и Twitter ги поттикнуваат своите корисници искуствата да ги споделуваат со своите пријатели, Snapchat се движи во спротивна насока – инсистира на интимност и приватност во користењето на платформата.

9. Сатја Надела

Надела го претвори Microsoft во бренд кој нема да биде рамен синоним на Windows. Компанијата годинава претстави низа на производи кои поминаа добро дури и кај фановите на минимализмот кои претходно се свртуваа кон Apple. Надела знае како на еден модерен бренд да му го додели оној кул фактор и поради тоа прерасна во еден од највлијателните бизнис луѓе во 2017 година.

10. Мери Бара

Извршната директорка на General Motors денес веќе размислува за електричните автомобили и автономните возила. Највлијателната жена во американската автомобилска индустрија успешно го спроведе процесот на поврат на дури 30 милиони неисправни возила и моментално стои на чело на гигантот тежок 48 милијарда долари. За следната година останува да видиме во која насока Бара ќе одлучи да ја насочи компанијата.

Сподели!
- Advertisement -