- Advertisement -
Tesla веќе доби голем број на нарачки за електричниот камион Tesla Semi на американскиот пазар, и тоа од компании како PepsiCo и Walmart. Но овие нарачки беа ограничени само на северноамериканскиот пазар
Како што известува Fortune, компанијата ја направи достапна веб страницата за нарачки и на нови пазари, како Холандија, Норвешка и Велика Британија.
Но и претходно, италијанската компанија Fercam имаше направено нарачка за Tesla Semi следната недела откако камионот беше претставен, но преку својот американски партнер. Нивните камиони ќе бидат испорачани во Њу Џерси, а потоа извезени.
- Advertisement -
Експанзијата на европскиот пазар беше очекувана, така што наскоро ќе дознаеме кои европски компании ќе достават нарачки за електричниот камион. За сега, Tesla веќе има остварено милиони долари само од депозитот кој изнесува 20 000 долари по камион, а камионите се очекува да бидат доставени дури во 2019 година.
- Advertisement -