Apple ќе се искупи за намерното забавување на iPhone со поевтини батерии

- Advertisement -

После признанието дека намерно ги забавувале старите модели на iPhone и добиените тужби, Apple се извини за измамата и најави дека ќе понуди многу поевтина замена на старите батерии, пишува 24 Sata.

Пред неколку дена признаа дека ова го правеле со старите модели на телефонот, но дури откако GeekBench потврди со тестирање на телефоните дека тие не работат како што треба.

Одлуката за поевтините батерии е начин да се искупат за целото „недоразбирање“ како што го нарекоа случајот од Apple. Сега, на корисниците на iPhone 6 и поновите модели ќе им биде понудена замена на батеријата за 29 долари. Инаку, замената на батеријата откако ќе истече гаранцијата на телефон чини 80 долари.

- Advertisement -

Освен тоа, од компанијата најавија дека следната година ќе издадат и софтверски додаток преку кој корисниците ќе можат подобро да ја следат состојбата на батеријата. Во своето извинување, Apple изјави дека намерно ги забавувале телефоните за да го продолжат животниот век на телефонот, при тоа наведувајќи дека батериите се потрошен материјал.

Многу од корисниците сметаат дека компанијата ги забавувала телефоните за да ги натера корисниците да ги купуваат новите модели, што предизвика бес кај нив и поднесување на тужби. Инаку, понудата за поевтини батерии е ограничена и ќе трае само неколку месеци.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -