3 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Првата „правосмукалка за смог“ во светот се сели во Полска

Kabtel desktop

По турнејата низ Кина, кулата за чистење на смогот од воздухот, дел од Smog Free Project на Studio Roosegaarde, ќе овозможи дишење на чист воздух на друга локација – Полска.

Компанијата на современиот холандски иноватор Дан Роозехарде ќе ја инсталира кулата Smog Free Tower, која студиото ја опишува како „првата правосмукалка за смог во светот“ во паркот Јордана во Краков. 

Smog Free Tower ќе почне да го вовлекува смогот од воздухот во паркот од 16 февруари се до 15 април. Посетителите на проектот ќе можат и да го видат прстенот Smog Free Ring  во Музејот за современа уметност во Краков. Кулата, која е висока речиси 7 метри, се базира на патентирана технологија за јонизација за да го исчисти воздухот од загадувачи.

Од Roosegaarde велат дека кулата е локално решение и може да креира балони од чист воздух во градот. Истражување на Универзитетот за технологија во Ајндховен покажува дека околу кулата воздухот е почист за 55% до 70% од остатокот од градот.

Краков подолго време се бори со нечист воздух. Во 2016 година калитетот на воздухо беше полош отколку од Лос Анџелес или во Пекинг.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •