ВИДЕО: Системот на вештачка интелигенција на Гугл и на фармите во Холандија

- Advertisement -

Сите знаеме дека денес, вештачката интелигенција се вградува во сите сите можни уреди, но веројатно не сме знаеле дека вештачката интелигенција во Холандија помага во одржувањето на здрави и повеќе продуктивни крави

Веќе сите знаеме дека вештачката интелигенција има неверојатен број на апликации, но во својот нов видео запис, Google сака да покаже колку е широк спектарот на примена, па покажа како нивната технологија им помага на сточарите во Холандија, да ги направат кравите поздрави, а со тоа и повеќе продуктивни.

Како што пишува порталот Маркетинг 365, во спотот е претставена компанијата Connecterra која применува системи за машинско учење во земјоделството. Основачите на компанијата, Асир Хохар и Саад Ансари, развија продукт наречен Ида, кој ја користи TensorFlow, технологијата на Google за машинско учење, за да се разбере и протолкува однесувањето на кравите, и да им даде на стачарите увид во здравјето на своите стада.

- Advertisement -

Кравите носат сензори, од кои се собираат податоци за следење на активностите како што се јадење, пиење, одмор, плодност, температура и многу повеќе. На овој начин, системот може рано да ги открие проблемите, како што се болести или дигесивни нарушувања, и да им даде препораки на фармерите за тоа како да ги одржат кравите здрави, што влијае во голема мера на подобрувањето на ефикасноста на нивните фарми.

“Connecterra ” тврди дека забележува зголемување на производството на млеко од 30% на фармите на нивните клиенти, што би можело да има огромни импликации за иднината на земјоделството.

- Advertisement -

Еве како изгледа:

Сподели!
- Advertisement -