Netflix на работниците им дава неограничен годишен одмор

- Advertisement -

Во многу американски компании, особено во Силиконската долина, вработените не се осмелуваат да го користат годишниот одмор затоа што тоа не се смета за добра одлика на вработените. Една од таквите компании е Tesla, чиј контроверзен директор Илон Маск се фали дека работи по 120 часа неделно.

Но, тоа секако не е случај со најглемата компанија за емитување видеосодржини во светот, барем ако им се верува на вработените кои своите искуства со користењето на годишниот одмор ги споделиле со Business Insider.

- Advertisement -

Мајк Џонс, кој работи во Netflix, се присетува на една ситуација кога требало да почне да работи.

„Бев на дружба со вработените пред официјалниот почеток со работа и една колешка ме праша какви одмори сум испланирал. Им реков дека не сум баш тип за годишни одмори и дека мислам да земам по ден-два слободни одвреме-навреме“, се присетува Џонс во подкастот „We Are Netflix”.

- Advertisement -

Бројот на компании кои на своите вработени им овозможуваат неограничен број денови за годишен одмор  во САД постојано расте. Мајк Џонс смета дека токму тоа е причината поради која си ја сака работата во Netflix, иако не користи годишни одмори колку што би требало.

- Advertisement -

Веб-страницата за совети за кариера Glassdor направи истражување и откри дека просечниот американски работник од платениот годишен одмор искористува само 54% од деновите, а како главна причина го наведуваат фактот дека се плашат дека ќе заостанат со работата.

„Сите познаваме луѓе на кои одморот, наводно, никогаш не им е потребен. Најголем проблем е ако тоа го прават шефовите, затоа што тогаш сите што се под нив сметаат дека ни тие не смеат да користат годишен одмор“, вели специјалистката за вработување од Netflix, Криси Ранинг.

Netflix има политика на нелимитиран годишен одмор од 2004 година наваму, а никој не следи кој и кога доаѓа или заминува од работа. Но, тоа не значи дека не работат. Напротив, вработените мора постојано да ги известуваат претпоставените за резултатите на работата која ја вршат. На веб-страницата на компанијата пишува дека „не им го планираат на своите вработени распоредот на работата и годишните одмори за тие самите да можат да одлучат што е битно за нив и да препознаат кога им треба одмор“.

„Веруваме во попаметна, а не подолга работа“ велат од Netflix. А дека таквиот пристап и тоа како функционира покажуваат последние резултати – приходите им пораснале за 34%, а бројот на претплатници за 7 милиони луѓе.

Сподели!
- Advertisement -