Facebook, Pepsi и седум други скандали во бизнис светот кои ги видовме во 2017 година

- Advertisement -

Секоја година завршува со некаков вид на скандал со кој се соочиле познатите брендови, а годинава за првпат најголем дел од нив биле поврзани со сексизам и расизам.

Годинава, сексуалното злоставување како скандал излезе на виделина во многу индустрии и во корпоративниот свет.

Еве ги деветте скандали со кои се соочија неколку индустрии годинава.

- Advertisement -

1. Dove

Dove се обидуваше да се позиционира како бренд кој поттикнува поразнолика дефиниција на убавина. Но кога рекламата на компанијата наменета за нивниот производ прикажа жени кои ги менуваат своите раси со менувањето на горниот дел од облеката со иста боја како кожата, ја потсети публиката на реклами од минатото кои ја прикажуваа темната кожа како нешто што може да се измие.

- Advertisement -

2. Equifax

- Advertisement -

Сите мислевме дека компанија која работи со кредитни картички и лични информации за милиони луѓе би ја ставила сајбер сигурноста како приоритет. Наместо тоа, американската компанија за кредитни картички Equifax не само што беше хакирана туку и ја криеше информацијата за хакирањето со месеци наместо да се покрижи за загубите на своите корисници. Освен тоа, компанијата им понуди на корисниците една година бесплатно користење на услугите за да не поднесат тужби.

3. Facebook

Facebook играше на големи влогови кога се работи за виртуелна реалност. Но извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг се обиде да ја промовира виртуелната реалност преку цртан филм во кој неговиот лик ги посетува регионите погодени од природната катастрофа на Пуерто Рико. Можеби имал добра замисла, но на крај обидот делуваше навистина бесчувствителен.

4. Nivea

Земајќи го во предвид големиот број на култури низ светот, не е изненадувачки кога некои глобални брендови ќе искористат некои локални табуа во своите реклами. Иако ова не се очекуваше од брендот, но Nivea излезе со реклама за својата крема со слоганот White is Purity.

5. Pepsi

Без разлика кое е вашето мислење на движењето во САД наречено Black Lives Matter или Црните животи се важни, станува збор за движење за проблеми за кои навистина треба да се размисли. Поради тоа, многу луѓе се почувствуваа навредени кога Pepsi се обиде да заработи на движењето преку реклама во која Кендал Џенер носи Pepsi помеѓу оние кои протестираат. Рекламата подоцна беше повлечена од Pepsi.

6. Twitter

Кутриот Twitter. Кога конечно се отвори шанса компанијата да стане профитабилна во 2017 година, таа се најде во виорот од скандали поврзани со лажните вести. Згора на тоа, пред само некое време, вработен кој заминуваше од своето работно место во компанијата, на својот последен ден го избриша профилот на социјалната мрежа на американскиот претседател Трамп.

 

7. Uber

Во брендирањето постојат лоши и добри проблеми. Најголемиот проблем е да се одржи контрола врз брендот откако името на истиот ќе почне да се користи како глагол или именка. Но компанијата се соочи со најголемиот проблем откако нејзиниот извршен директор беше фатен на камера како вербално напаѓа и вреѓа еден од шоферите во Uber, скоро десетина дена откако некогашен инженер од компанијата, Сузан Фаулер, објави дека компанијата ги дискриминира вработените според род и е легло за сексуално злоставување.

8. United Airlines

Многупати ни се чини дека авионските компании се натпреваруваат едни со други за тоа кој ќе ја добие наградата најлоша корисничка поддршка во индустријата. Доколку постоеше таква награда, дефинитивно ќе отидеше кај United Airlines кога обезбедување насила исфрли лекар од авионот кој не сакаше да го отстапи своето платено седиште, при тоа раскрварувајќи го.

9. Харви Вајнстин

За овој скандал не е потребно многу објаснување. Познатиот холивудски продуцент доби обвинувања од преку шеесет жени од индустријата дека ги злоставувал сексуално. Овие обвинувања поттикнаа цело движење кое осветли еден од најсериозните скандали во Холивуд.

Сподели!
- Advertisement -