Grouper.mk со Златни зделки го одбележува седмиот роденден

- Advertisement -

Најпознатиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговијaта во Македонија, Grouper.mk, оваа година го прославува својот седми роденден, за кој што велат е нивниот среќен број и очекуваат дека ќе им донесе уште повеќе успешни зделки, заштеда и бројни задоволни корисници.

Како и изминатите две години, така и оваа година роденденот го прославуваат со кампањата Златни зделки, која е препознатлива по специјални, роденденски, перфектни зделки на кои никој не останува рамнодушен!

- Advertisement -

Кампањата Златни зделки официјално стартуваше минатата недела и до денеска се започнати 6 Златни зделки, кои веќе остварија продажби од над 5.000 купони за само неколку дена. Во кампањата се вклучени брендовите за обувки Arthur’s, Оffice Shoes и Sketchers со попуст на веќе намалените цени на целиот асортиман; добро познатата ќебапчилница Тетекс; МНТ со попусти до 50% на билети за февруарскиот репертоар, гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил. Oд денеска започна и шестата златна зделка од Жан Митрев Клиника, а од Grouper најавуваат и нови роденденски зделки кои ќе следуваат во текот на месец февруари. Дополнително, за прв пат во кампањата оваа година се вклучени и Златни хотели, како посебно катче со премиум хотели од Македонија по специјални цени.

Овој седми роденден е навистина посебен за Grouper бидејќи годинава добија и златно роденденско изненадување. Косопственичката на Grouper, д-р Нина Ангеловска, беше избрана од Forbes и се најде на листата „30 Under 30” од триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.

- Advertisement -

Grouper.mk е главниот двигател на е-трговијата на македонскиот пазар од самиот почеток па до денес, со повеќе од 200.000 корисници. Изминатата година беа особено препознатливи по успешните маркетинг кампањи како Недела на храна #СкопјеГурман, извонредната Дестинација Македонија и секако, најпознатата Black Friday акција, а како резултат на посветеноста и успешната работа и оваа година, по четврти пат, се закитија со наградата за Најдобар сајт за е-трговија, како и Најдобар мобилен сајт и Најдобра мобилна апликација.

Сподели!
- Advertisement -