Тим билдингот од 1 јануари ќе биде даночно признаен расход

- Advertisement -

Во четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата кој Владата треба да го објави денес напладне дел од мерките се даночни олеснувања за одредени сектори. На средбите со стопанствениците најавено е дека од следната година повеќе расходи на фирмите ќе бидат даночно признат расход.

Така од 1 јануари следната година за даночно признат расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, како и расходите поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар.

- Advertisement -

Според планот кој ќе биде објавен денеска од 1 јануари 2021 година, данокот на личен доход за доходот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10 проценти на 0 проценти до крајот на 2023 година. Од МАСИТ информираа дека во овој сет на мерки нивните заложби се значително покриени со тоа што

-Од 01.01.2021 година пресметката за персонален данок почнува скалесто да опаѓа од 10% на 0% до крајот на 2023. Засметување на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, валидно од 01.01.2021. За признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар, валидно од 01 01.2021. За признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, валидно од 01.01.2021. Остнуваат на сила мерките за субвенции на плата, одложено плаќање на ДДВ, без каматни кредити за оштетени компании и многу други. Следен чекор е предлог четвртиот  сет на мерки да бидат усвоени од страна на Парламентот следната недела со цел дел од нив да стапат на сила од 01.10.2020 година. МАСИТ продолжува да се бори за подобра бизнис клима за раст и развој на ИКТ секторот, информираат од МАСИТ.

- Advertisement -

Фото – PxHere

Сподели!
- Advertisement -