Шест бизнис книги кои мора да ги прочитате во 2018 година

- Advertisement -

Дури и доколку не сте дел од бизнис светот, од бизнис литературата може да извлечете лекции кои можат да ви се најдат и во секојдневниот живот. Еве кои бизнис книги ќе се читаат годинава кои ќе ви помогнат да ги надградите своите способности.

1. Powerful: Building a Culture of Freedom and Responsibility – Patty McCord

Авторката Пети Мекорд беше главната директорка за таленти во Netflix. Таа ги искористила искуствата од оваа позиција со цел да пропагира радикално искрена работна средина. Книгава ќе ви помогне да размислувате на повисоко ниво на теми како менаџмент и човечки ресурси. Аријана Хафингтон, основачка и извршна директорка на Thrive Global ја опиша книгата како клучна за секој што посакува неговиот бизнис да биде успешен во 21 век и дека доколку не бил пристапот на Мекорд, Netflix денес немаше да биде компанијата што е.

- Advertisement -

2. When: The Scientific Secrets of Perfect Timing – Daniel H. Pink

- Advertisement -

Голем дел од успешното донесување одлуки кои ќе имаат големо влијание е совршениот тајминг. Книгата на Пинк ги открива тајните како да се постапува правилно во бизнисот и во животот. The Wall Street Journal напиша дека читањето на книгата е пресвртен момент за оние кои секојдневно мораат да носат одлуки и ќе научат дека при тоа не се работи за „како“, туку за „кога“.

- Advertisement -

3. The Motivation Myth: How High Achievers Really Set Themselves Up to Win – Jeff Haden

Авторот е редовен колумнист за магазинот Inc. и со својата книга покажува дека желбата и мотивацијата да се е успее не е нешто магично, напротив, зависи од ситуациите кои сами ќе си ги изградите за себе.

4. Treating People Well: The Extraordinary Power of Civility at Work and in Life – Lea Berman & Jeremy Bernard

Авторите на книгата се поранешни функционери од Белата куќа и во книгата ги истражуваат општествените аспекти на работното место. Предговорот на книгата го напиша поранешната Прва дама на САД, Лора Буш, а рецензија за книгата исполнета со пофалби напиша и американскиот сенатор Џон Мекејн.

5. The Culture Code: The Secrets of Highly Successful Groups – Daniel Coyle

Авторот во својата книга прави дисекција на организациите и тимовите кои остваруваат подобри резултати од други. При тоа, тој ги поставува и објаснува карактеристиките кои овие тимови ги имаат заедно и дава насоки како и вие да ги научите и примените во бизнисот.

6. Your Best Year Ever: A 5-Step Plan for Achieving Your Most Important Goals – Michael Hyatt

Книгата на Хајат објаснува како да ги претворите ваши цели во реалност. Чекорите кои тој препорачува да ги следите се базирани на научни истражувања и ќе ви помогнат убаво да го испланирате остварувањето на вашите цели во текот на целата година.

 

 

Сподели!
- Advertisement -