Samsung повторно е лидер на пазарот за паметни телефони

- Advertisement -

Компаниите IDC и Strategy Analytics речиси истовремено ги претставија своите извештаи за состојбата на пазарот за паметни телефони во последниот квартал од минатата година, но и за 2017 година во целина. И двете компании наведуваат дека јужнокорејски Samsung е лидер на пазарот за паметни телефони во 2017 година, пишува SEEBiz.eu

IDC и Strategy Analytics наведуваат дека Samsung во текот на 2017 година ја оозбедедил челната позиција испорачувајќи околу 317 милиони паметни телефони или со пазарен удел од околу 21%. Во текот на минатата година втор најсупешен производител на паметни телефони е Apple, кој испорачал околу 215,5 милиони телефони и остварил пазарен удел од 14,5%. На трето место е кинескиот Huawei со 153 милиони испорачани уреди или пазарен удел од околу 10%.

IDC и Strategy Analytics се сложуваат со оценката дека во текот на 2017 година се испорачани вкупно 1,5 милијарди паметни телефони, што е речиси идентично со 2016 година и може да означува стагнација на пазарот.

- Advertisement -

Последниот празничен квартал од 2017 година на производителите не им донесе премногу причини за задоволство бидејќи забележаат најголем пад на испораката на паметни телефони на годишно ниво. За споредба, во последниот квартaл од 2016 година беа испорачани 438 милиони паметни телефони, додека во четвртио квартал од 2017 година тој број падна на 400 милиони.

Сподели!
- Advertisement -